Британскиот министер за Европа во посета на Македонија
Предвидени се средби со претседателот Иванов, со шефот на дипломатијата Попоски, како и со лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание. Тема на разговорите ќе биде актуелната политичка ситуација, потребните итни реформи за членството во НАТО и ЕУ...

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан, е во дводневна посета на Македонија. Предвидени се средби со претседателот Иванов, со шефот на дипломатијата Попоски, како и со лидерите на сите политички партии застапени во македонското Собрание.
Како што информираат од британскиот „Форин Офис“, тема на разговорите ќе биде актуелната политичка ситуација, потребните итни реформи за членството во НАТО и ЕУ, како и плановите на лидерите за изградба на просперитетна и инклузивна држава.
За време на посетата планирани се и средби со Специјалното јавно обвинителство и претставници на граѓанскиот сектор.
