315 милиони евра за модернизација на АРМ
Веќе 18-та година го поднесуваме извештајот за полноправно членство во НАТО. Денеска се одржуваат редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО. Се разговара за напредокот на одбранбените подготовки на нашата држава за интеграција во Алијансата.

Македонија издвојува 315 милиони евра за модернизација на Армијата. Веќе 18-та година го поднесуваме извештајот за полноправно членство во НАТО. Денеска се одржуваат редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО. Се разговара за напредокот на одбранбените подготовки на нашата држава за интеграција во Алијансата.
Како што изјави Елизабета Чуповска- Ристова, државен секретар во Министерството за одбрана, се очекува фокусот на дискусија и изразување почит спрема напорите што ги има РМ направено во поглед на НАТO интеграцијата да биде ставен на имплементацијата на Планот за опремување и модернизација на АРМ за којшто Владата на Република Македонија одвои 315 милиони евра за финансирање проекти што ќе придонесат за соодветно опремување на АРМ.
Во фокусот на дискусијата, додаде, ќе биде и придонесот на АРМ во меѓународните операции, развојот на човечките ресурси, како и одбранбените подготовки во постигнувањето на развојот на партнерските цели во делот на копнените и воздухопловните сили.
Очекуваме соодветно да биде вреднуван напорот што Република Македонија го вложува во делот на постигнување полноправно членство на АРМ во НАТО, нагласи Чуповска- Ристова.
