Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
Одложувањето е поради отсуство на Заев кој, како што извести одбраната, е во Сараево каде што треба да му биде врачена награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа.

Се одложи судењето за случајот „Поткуп“, бидејќи лидерот на СДСМ, Зоран Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и ќе присуствува во Сараево на врачувањето на наградата. Неговата одбрана му презентираше известување на судот.
На судењењто не дојде сведокот Иван Николов од кого, според обвинението, Заев наводно побарал 160 илјади евра. Рочиштето е одложено за 3-ти април.
Адвокатот на Заев, Јаким Наумов, во изјава за новинарите истакна дека не е изземен обвинителот Златко Биковски од Обвинителството за организиран криминал и корупција и дека со повторното назначување на Владимир Милошевски е направен преседан.
