Ирачките сили го нападнаа аеродромот во Мосул
23.02.2017 11:31
Аеродромот и базата ал-Газлани се сместени во јужното предградие на западната страна на реката Тигар.

Ирачките безбедносни сили извршија напад врз аеродромот во Мосул во рамките на операцијата за преземање на градот од исламистите на Исламска држава. Цел на акцијата бил и воен камп во близина.
Аеродромот и базата ал-Газлани се сместени во јужното предградие на западната страна на реката Тигар.
Ирачките сили веќе го исчистија од терористи источниот дел од Мосул. Над 160.000 луѓе ги напуштија домовите.
