Мексико ги осуди новите правила на Вашингтон за депортирање

23.02.2017 12:07

Една од мерките предлага и испраќање на недокументираните луѓе во Мексико независно од каде доаѓаат. Министерот за надворешни работи Луис Видегарај смета дека неговата земја не може да прифати еднострани одлуки.

Мексико ги осуди новите правила од САД според кои сите илегални мигранти ќе бидат подложни на депортација. Една од мерките предлага и испраќање на недокументираните луѓе во Мексико независно од каде доаѓаат. Министерот за надворешни работи Луис Видегарај смета дека неговата земја не може да прифати еднострани одлуки.

„Владата на Мекиско нема да се двоуми да им се обрати на меѓународните заедници, почнувајќи од Обединетите нации за да се заштити во согласност со меѓународното право, човековите права, слободи и процеси кои се за доброто на Мексиканците во странство“, изјави Луис Видегарај, министер за надворешни работи.

Државниот секретар Рекс Тилерсон и шефот на државната безбедност Џон Кели се во Мексико на разговори со претседателот Енрике Пења Нието за едно од најсериозните несогласувања на двете соседни земји во последните години.