Нова линија за производство на акумулатори во Пробиштип
Словенечката компанија „ТАБ МАК“ пушти во употреба нова линија за производство на индустриски батерии во фабриката во Пробиштип...

Словенечката компанија „ТАБ МАК“ пушти во употреба нова линија за производство на индустриски батерии во фабриката во Пробиштип.
Вкупното вложување на компанијата во инфраструктура, опрема и обртен капитал, досега изнесува 12 милиони евра.
Инвестицијата во новата производствена линија вреди 6 милиони евра.
Вкупниот број на вработени во 2012-та година во фабриката за акумулатори изнесува 170 работници, а во 2013-та е зголемен на 200. Компанијата оваа година планира да вработи уште нови 50 работници.
Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, странските инвестиции ја намалија невработеноста во земјава, што е доказ за поволната бизнис клима бидејќи во последно време компанииите го прошируваат бизнисот.
