Пјонгјанг тврди- Малезија е одговорна за смртта на Ким Јонг Нам

23.02.2017 12:23

Полицијата издаде потерница за четворица државјани од Северна Кореја, вклучувајќи и дипломатски претставник од амбасадата во малезискиот главен град и вработено лице во државната авиокомапнија.

Официјален Пјонгјанг тврди дека Малезија е одговорна за смртта на Ким Јонг Нам кој беше убиен со отровни стрелки на аеродром во Куала Лумпур.

Полицијата издаде потерница за четворица државјани од Северна Кореја, вклучувајќи и дипломатски претставник од амбасадата во малезискиот главен град и вработено лице во државната авиокомапнија.

Претходно беа осомничени уште четворица, а еден е приведен.