Грчки медиуми: Резолуцијата на ЕП за Македонија е „шлаканица“ за Грција
07.02.2014 13:10
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Македонија во која уште еднаш го повикува Советот на Унијата без одлагање...

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Македонија во која уште еднаш го повикува Советот на Унијата без одлагање да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, јавуваат грчките медиуми. Според некои од новинарите кои пишуваат на оваа тема, ова претставува „шамар“ за Грција, зашто резолуцијата е усвоена со огромно мнозинство од европратениците и во неа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување. Повеќето медиуми толкуваат дека британскиот европратеник Ричард Ховит во извештајот ја обвинува Грција дека е „одговорна за тоа што не е најдено взаемно прифатливо решение за името“.
Под наслови „ДА за преговори“ со Македонија, грчките весници без исклучок објавија и дека според грчките европратеници, резолуцијата е „неизбалансирана во целина“, и во неа „не се правилно распределени одговорностите за не-напредокот во преговорите за името“.
Во сите написи за извештајот на ЕП за Македонија, стои и дека е усвоен амандманот на групата на Зелените „со кој се претпочита вистинско решение со сложено име, но поставува услов да не се се оспоруваат Македонскиот идентитет и култура.
