Џон Мекејн тајно отпатувал во Сирија

23.02.2017 14:21

Според медиумите, портпаролката на претседателскиот кандидат Џули Тарало потврдила дека Мекејн престојувал во земјата.

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн минатиот викенд тајно отпатувал во Сирија каде што разговарал со американските војници и со бунтовниците. Според медиумите, портпаролката на претседателскиот кандидат Џули Тарало потврдила дека Мекејн престојувал во земјата.

„Волстрит Журнал“ пренесува дека патот во срцето на исламска држава го организирала американската војска и дека тој е првиот американски владин претставник кој ја посетил земјата од ангажирањето на вооружените сили на САД како помош на бунтовничките паравоени формации.