Претставници на „Херитиџ“ му го предадоа годишниот извештај на Димитриев
Премиерот Димитриев, како што информираат од неговиот Кабинет, навел дека како резултат на реформите, Македонија продолжи да се движи по трасираниот и направила скок од 16 места во споредба со претходната година.

Претставници на американската фондација „Херитиџ“ му го предадоа годишниот извештај за економските слободи на премиерот Димитриев. Во овој извештај, Македонија е на 31-то место во конкуренција на 186 држави и е во групата слободни земји.
Премиерот Димитриев, како што информираат од неговиот Кабинет, навел дека како резултат на реформите, Македонија продолжи да се движи по трасираниот и направила скок од 16 места во споредба со претходната година.
Од „Херитиџ“ посочиле дека е потребна фокусираност на економските приоритети, поддршка за домашните компании, привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места.
