Владина поддршка за самовработување на лицата со попреченост

23.02.2017 15:54

Распишан огласот од мерките за вработување за самовработување за лица со попреченост. Преку комисијата ќе се оценуваат и ќе се охрабруваат сите кои имат добри бизнис планови. Финансиската помош се движи од 1 милион за лица со лесен односно до 1,5 милиони денари за лица со потежок степен на инвалидитет. Лицата ќе може да ги искористат и експертите од владата за да им помогнат полесно да го реализираат целиот процес.

Распишан огласот од мерките за самовработување за лица со попреченост. Финансиската помош ќе се движи од 1 милион за лица со лесен односно до 1,5 милиони денари за лица со потежок степен на инвалидитет. Комисијата ќе ги оценува проектите и ќе ги охрабрува сите кои имат добри бизнис планови. Покрај овие средства лицата ќе добијат и пари за техничка и логистичка поддршка.

Има доволно буџетски средства и да се прошири мерката вели директорот на Агенцијата за вработување , доколку за тоа постои интерес. За мерката ќе може да се користат и експертите од листата на Агенцијата за вработување за да им помогнат полесно оние што ќе бидат избрани да почнат со својот бизнис.

Досега се отворени 115 компании и се вработени 150 лица.

 

Дијана Ценевска