18 повредени во експлозија во фабрика во Чешка
23.02.2017 16:34
Шефот на регионалната служба за спасување Павел Свобода изјави дека најмалку тројца спасувачи се повредени...

Најмалку 18 луѓе биле повредени во серија експлозии што денеска оддекнаа во Чешка фабрика. Инцидентот се случил во градот Полички, на околу 150 километри источно од Прага.
Шефот на регионалната служба за спасување Павел Свобода изјави дека најмалку тројца спасувачи се повредени, а надлежните ги предупредија граѓаните да ја избегнуваат таа област.
