Системот „капка по капка“ во лозарството дава одлични резултати

24.02.2017 10:20

Во лозарството користењето на системите за наводнување капка по капка е најголемо. Според пресметките неговото поставување ќе го чини земјоделецот 3.700 евра за еден хектар. Овој износ пак може да се намали преку субвенциите од 60 проценти кои можат да се добијат за вложените пари, а техничките проекти се бесплатни.

Со промената на климата и долгите топли и сушни лета, се повеќе се зголемува потребата за воведување современи системи за наводнување кои освен што штедат големи количества вода, го зголемуваат и приносот и квалитетот на родот.

Системите капка по капка се најмногу застаени во лозовите насади и даваат одлични резултати.

Колку треба да издвојат лозарите за една ваква инвестиција? Последните пресметки покажуваат дека за веке постоечки насад се потребни 3.700 евра за хектар.

За да ги намалат трошоците лозарите од ИПАРД програмата можат да побараат и враќање на дел од средставата во висина од 60 проценти, односно да им бидат вратени скоро 2.220 евра.

Системот за наводнување капка по капка во кој инвестира земјоделецот во тој случај би го чинел 1.480 евра, средства кои може брзо да се повратат, а наводнувањето да се користи долг период.

 

Методија Трајков