Младите најмногу го користат интернетот

07.02.2014 13:34

Младите од Македонија преферираат да го користат интернетот како медиум и истиот го сметаат за најефикасен...

Младите од Македонија преферираат да го користат интернетот како медиум и истиот го сметаат за најефикасен. Ова е резултат од истражувањето за состојбата на младите во медиумите спроведено во 11 земји од регионот направено од младинскиот образовен форум и фондација Метаморфозис.
 
77% од младите интернетот го сметаат најкорисен за едукација, 75% за информирање, 66% за забава и комуникација и 60% за промоција. Во споредба со останатите медиуми 58% од младите во Македонија гледаат телевизија на дневно ниво, 40% слушаат радио, 22% читаат печатени медиуми. Дури 14 % од младите во Македонија никогаш не прочитале печатен медиум. 
 
Општиот заклучок е дека младите малку им веруваат на содржините пласирани преку медиумите, при што радиото го сметаат  за медиум кому најмногу може да му се верува. 30% од младите во Македонија никогаш немаат отидено во кино. Исто така истражувањето покажало дека младите во Македонија се перцепираат како по политички претставени за разлика од другите земји. 
 
Ана Јосифоска