Нието: Мексико ќе ги брани своите интереси во преговорите со САД

24.02.2017 11:08

Државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за внатрешна безбедност Џон Кели беа во посета на Мексико поради најновите мерки за депортација ...

По средбата со претставниците од Вашингтон, мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието потенцираше дека ќе ги брани своите интереси во преговорите со Белата куќа.

Државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за внатрешна безбедност Џон Кели беа во посета на Мексико поради најновите мерки за депортација на илегалните мигранти кои налагаат испраќање на сите недокументирани луѓе во Мексико независно од каде доаѓаат.