Љубојна ја крена на нозе белградската публика
Љубојна во Домот на синдикатите во Белград го одбележаа и 15-годишниот јубилеј, преставувајќи го новиот албум Радио Љубојна. Еден од гостите на концертот беше и Влатко Стефановски- миленик на белградската публика.

Пред бројната публика во престижниот Дом на Синдикатите во Белград, македонската етно група Љубојна го одржа својот прв концерт. Предводени од брачниот пар вокалот Вера Милошевска- Јосифовска и Оливер Јосифовски и 12- члениот состав во кој беше трубачот Џамбо Агушев со оркестарот, ја кренаа на нозе белградската публика. Изведувајќи го својот препознатлив репертоар на стари македонски песни- збогатени со џез, брас, соул и електронската музика,Љубојна остави силен впечаток кај белградската публика.
Љубојна во Домот на синдикатите во Белград го одбележаа и 15-годишниот јубилеј, преставувајќи го новиот албум Радио Љубојна. Еден од гостите на концертот беше и Влатко Стефановски- миленик на белградската публика.
На концертот во Белград особено добар прием имаа хитовите-Твоите очи Лено, Мори Чупи Костурчанки, како и учеството на гостинот Васил Хаџиманов.
Концертот на Љубојна со полната рокерска енергија и богатиот македонски традиционален етно звук, ја подигнаа атмосферата и оставија одличен впечаток кај публиката во Белград.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
