БиХ поднесе барање за ревизија на пресудата на МСП
24.02.2017 11:17
Според пресудата од 2007 година, Србија беше ослободена од директна одговорност.

Правните застапници на Босна и Херцеговина поднесоа барање за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата против Србија за геноцид во војната од 1992 до 1995 година.
Според пресудата од 2007 година, Србија беше ослободена од директна одговорност. На барањето за ревизија се противат политичарите на босанските Срби, кои тврдат дека се работи за противуставен чин бидејќи не бил одобрен од Претседателството на БиХ.
