Најавен протест под мотото „Завет за Македонија“

24.02.2017 11:34

Маршот почнува попладне во 17 часот. Организаторите на протестот повикаа на ред и мир...

Најавен е протест со мирен марш под мотото „Завет за Македонија“ што ќе почне попладне од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ до споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Маршот почнува попладне во 17 часот. Организаторите, Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ на протестот повикаа на ред и мир, и достоинственост, во име на бранителите и на земјава.