Почнува кампањата за предвремените парламентарни избори во Бугарија
24.02.2017 11:36
Во трката за 240 места во бугарското Народно собрание учествуваат вкупно 4.732 кандидати од 27 партии и коалиции.

Во Бугарија почнува изборната кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 26 март. Во трката за 240 места во бугарското Народно собрание учествуваат вкупно 4.732 кандидати од 27 партии и коалиции.
Според анкетите, се очекува неизвесна борба меѓу паријата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и коалицијата преводена од Бугарската социјалистичка партија (БСП).
