Повторно одложено рочиштето за мобинг против Панчевски
Адвокатите на Стаменковски го добиле одговорот на тужбата пред рочиштето, затоа побараа време за да го разгледаат. Тие посочија дека продолжува мобингот врз нивниот клиент со нова постапка за суспензија, со цел тој да се откаже од тужбата.

Судењето за тужбата за мобинг поднесена од Горан Стаменковски, вработен во Одделението за човечки ресурси на Кривичниот суд, против екс претседателот, Владимир Панчевски, повторно се одложи.
Адвокатите на Стаменковски го добиле одговорот на тужбата пред рочиштето, затоа побараа време за да го разгледаат. Тие посочија дека продолжува мобингот врз нивниот клиент со нова постапка за суспензија, со цел тој да се откаже од тужбата.
Одбраната на Панчевски, пак, тврди дека постапката против него е со цел нарушување на неговиот углед.
