Филмови од Берлиналето пристигнуваат во нашите кина
Дистрибутерска куќа од земјава ќе ги овозможи најновите филмски остварувања...

Дистрибутерска куќа од земјава ќе ги овозможи најновите филмски остварувања од еминентниот фестивал во Берлин, кој почна вчера.
„Големиот Хотел Будимпешта“ на култниот режисер Вес Андерсон, со кое се отвори 64-то Берлинале, домашната публика ќе има можност да го гледа од 6 март.
Од ненатпреварувачката програма можеме да го издвоиме и филмот „Чувари на наследството“, чиј режисер е Џорџ Клуни, кој истовремено е и актер во филмот. Ова е приказна за крајот на Втората светска војна, а покрај Клуни, во неа глумат и Мет Дејмон, Бил Мареј, Џон Гудман и Кејт Бланшет. На распоред за македонската публика е на 13 февруари.
Француската актерка Леа Сејду покрај епизодната улога во филмот „ Големиот Хотел Будимпешта“ глуми и во прекрасната француска фантазија „Убавицата и ѕверот“ на Кристофер Ганс, кој ќе го затвори ненатпреварувачкиот дел на Берлиналето и со тоа ќе ја има и својата меѓународна премиера. Во нашите кина, публиката ќе ги види Винсент Касел во улогата на ѕверот и талентираниот Леу во екранизацијата на една од најпознатите француски бајки, на 20 март.
Перуанската режисерка Клаудија Љос, чиј филм „Млекото на тагата“ ја освои наградата „Златна мечка“ во 2009-та и беше номиниран за Оскар, премиерно ќе го прикаже своето најново остварување „Вистина“. Филмот во кој глумат Џенифер Конели и Силијел Марф ја раскажува приказната за осаменоста на мајка, одвоена од својата болна ќерка. Форест Витекер како поранешен затвореник и Харви Кајтел како шериф опседнат со одмазда, се сретнуваат во филмот „Двајца мажи во градот“ во режија на француско-алжирскиот режисер Рашид Бушареба.
Моника Јовановска
