45 мртви во напад во Сирија

24.02.2017 12:38

Ден претходно бунтовниците поддржани од Турција соопштија дека целосно го контролираат градот по борбите со екстремисти.

Најмалку 45 лица загинаа во самоубиствен напад со автомобил- бомба во близина на сирискиот град Ал Баб што се наоѓа во северниот дел од државата.

Ден претходно бунтовниците поддржани од Турција соопштија дека целосно го контролираат градот по борбите со екстремисти.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.