Ахмети: ДУИ ќе ја разгледува опцијата да остане во опозиција
24.02.2017 12:44
Попладне продолжува седницата на централното претседателство на ДУИ..

Британскиот министер за Европа и Америка, Ален Данкан, имаше средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според соопштението од оваа партија, Данкан ја изразил поддршката за стабилна и напредна Македонија.
Ахмети се заблагодарил на британската улога, нагласувајќи ја 16-годишната соработка со официјален Лондон, за заокружување на Охридскиот договор.
Попладне продолжува седницата на централното претседателство на ДУИ. Според изјавата на Ахмети за Ал Џезеира Балкан, во партијата ќе дискутираат за опцијата опозиција.
