Западниот Балкан во фокус на претстојниот самит на ЕУ

24.02.2017 12:57

Шефот на надворешната и на безбедносната политика на Унијата, Федерика Могерини, од 1-ви до 4-ти март ќе ги посети земјите од Западен Балкан...

Шефовите на држави и влади на Европската унија, на претстојниот Самит на Европскиот совет, на 9-ти и 10-ти март во Брисел ќе разговараат за затегнатата состојба на Западен Балкан. Според дописникот на МИА, меѓу темите би биле и состојбата во Косово, БиХ, Албанија и во Македонија.

Шефот на надворешната и на безбедносната политика на Унијата, Федерика Могерини, од 1-ви до 4-ти март ќе ги посети Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, по што треба да подготви извештај кој ќе им биде претставен на лидерите на ЕУ.