Еднакви права за децата со попреченост
Децата со попреченост имаат потреба од сеопфатна поддршка при учеството во општеството. Овозможување на целосните човекови права, заклучок од Националниот семинар во Скопје. Европскиот форум оценува дека Македонија прави квалитетни чекори, но дека треба да се работи на подигнувањето на свеста.

Македонија се движи кон целосно исполнување на обврските за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството, согласно со Конвенцијата на Обединетите нации. Сепак, потребно е уште, за тие да ги уживаат сите права. Ова е заклучокот од Националниот семинар посветен на децата со посебни потреби.
На овие деца не им требаат само нашите заложби, туку создавање реални услови за и тие, како и сите други деца, да си ги остварат нивните права на образование, здравствена заштита, пристап до институциите- укажува Народниот правобранител.
Од УНИЦЕФ и од Европскиот форум за попреченост посочуваат дека е неопходна и поголема свест во општеството.
Семинарот е организиран од Националниот совет на инвалидски органиации. Целта е да се разговара за потребите, но и да се подигне свеста за унапредувањето и заштитата на правата и достоинството на децата со посебни потреби.
Викторија Милевска
