Една недела штрајк на вработените во МПМ
Новинарите од „Дневник“, „Утрински весник“ и од „ Вест“ со симболична поворка со пароли и свирчиња одбележаа една недела како секој ден штрајкуваат.

Вработените во Медија принт Македонија (МПМ) и денеска на штрајк. Новинарите од „Дневник“, „Утрински весник“ и од „ Вест“ со симболична поворка со пароли и свирчиња одбележаа една недела како секој ден штрајкуваат.
„Нешто се случува, има промени на сопственишвото, има промени на менаџерите, меѓутоа никој не најде за сходно да им одговори на луѓето каква е нивната иднина. Нашите барања остнауваат- тоа се плати и одговор- што се планира со редакциите на МПМ“, изјави Тамара Чаусидис, ССНМ.
Причина за нивниот организиран револт е неисплатените плати и недостиг на информација околу иднината на компанијата.
