Отворен саемот за традиционална храна и активен туризам
Домашни џемови, крушевски локум, велешки органски мед и уште многу други традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје денеска и утре ќе може да се купат на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“.

Крушевски локум, органски велешки мед, вина од мали тиквешки винарии, традиционални зачини може да се вкусат на Саемот за храна и активен туризам. Има интерес за органските производи, велат производителите. Цените се повисоки од оние на комерцијалните. Сапунот од козјо млеко е многу баран, иако неговата цена достигнува дури и до 100 денари.
Треба да се даде шанса на малите бизниси, да остварат комуникација и да пристапат до поширокиот пазар за да обезбедат пласман, сметаат од УСАИД.
Луѓето од градовите и не знаат каде може да најдат вакви производи кои се здрави, вели амбсадорката на Швајцарија. Им треба подобра промоција.
Во делот на активниот туризам по намалени цени ќе се нудат тури низ Македонија.
Дијана Ценевска
