Нови службени униформи за офицерите и подофицерите

24.02.2017 15:55

Сини службени униформи за припадниците на македонската Армија. Комплетот содржи 20 парчиња, македонско производство на фабриката „Тетекс“.

Нова службена униформа за офицерите и подофицерите во АРМ. Содржи дваесет парчиња. Презентирана на дефиле. Во зависност од пригодата, униформата е поделена во класа А, за свечени приеми и класа Б. На дизајнот се работело три години. Изготвена е во македонска фабрика од Тетово.

Министерството за одбрана во континуитет се грижи за стандардот на припадниците на АРМ, вели ресорниот министер Јолевски. Буџетот е зголемен за 8,4 насто, а 20 проценти е наменет за модернизација и опремување.

Министерот Јолевски најви нови теренски униформи и за армиските специјалци. Има тендер за 110 униформи, а за уште 7 илјади ќе биде објавен наскоро. И овие униформи ќе ги изработи тетовската фабрика.

Наташа Гркова- Петрушевска