Ким Јонг Нам бил убен со најотровен нервен агенс

24.02.2017 16:20

Малезија побара помош од Интерпол во потрагата за четворицата Севернокорејци осомничени за вмешаност во убиството.

Полубратот на севернокорејскиот лидер бил убиен со најотровниот нервен агенс VX (ве икс), кој се користи и како хемиско оружје. Ким Јонг Нам беше убиен со отровни стрелки на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.

Малезија побара помош од Интерпол во потрагата за четворицата Севернокорејци осомничени за вмешаност во убиството.

Јонг Нам беше познат критичар на режимот во Пјонгјанг, па се претпоставува дека зад инцидентот стои севернокорејскиот лидер.