Ердоган ќе отпатува во Русија на средба со Путин
24.02.2017 16:38
Односите меѓу двете земји беа нарушени откако турските борбени авиони соборија руски бомбардер за време на мисија во Сирија во ноември 2015 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека турскиот претседател Ердоган на 9 и 10 март во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.
Односите меѓу двете земји беа нарушени откако турските борбени авиони соборија руски бомбардер за време на мисија во Сирија во ноември 2015 година.
Како одговор на инцидентот, Русија воведе серија економски санкции против Турција. На двете земји им беше потребно повеќе од една година за да ги поправат односите.
