Временките услови погодни за развој на земјоделските култури

27.02.2017 10:01

Временските услови се добри за развојот на земјоделските култури и заштитата од штетите од доцните пролетни мразеви. Земјоделците треба да се подготвуваат и за извршување на сите агротехнички мерки пред почетокот на будењето на вегетација.

Сувото време без врнежи од дожд минатата недела го овозможи кроењето на лозата и овошките, и подготовка на површините за градинарското производство.

Ваквото време овозможи да се изврши и првата прихрана на есенските посеви со азотни минерални ѓубриња, неопходна после студената зима за развојот на растенијата.

Повремените врнежи од дожд за викендот за кратко ги прекинаа земјоделците во работата, но влагата ги раствори вештачките ѓубриња. Падот на дневните температури за околу 6 до 9 степени малку ќе го успори развојот на вегетацијата што е добро за опасноста и можните штети од доцните пролетни мразеви.

Утринските температурите до -2 степени одржуваат поволна состојба на мирување, особено кај овошките да не се разбудат предвреаме, а очекуваните дневни температури од 15 до17 степени ќе овозможат постепен и навремен развој на вегетацијата.

 

Методија Трајков