Груевски: Да се откажат од удирање по темелите на државата

27.02.2017 10:07

„Јас доброволно ќе прифатам, ако тоа му е услов на Заев, да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада, колку време сака до наредните избори, кои заедно би ги договориле. Нека удри по мене, но да се откаже од удирање по темелите на државата“, напиша Груевски на Фејсбук.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. Тој пишува, ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откажат од Законот за јазиците, платформата од Тирана, редефинирањето и урнисувањето на државата.

Заев нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето, пишува Груевски. Тој во својата објава вели и дека дава јавна понуда- „Јас доброволно ќе прифатам, ако тоа му е услов на Заев, да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада, колку време сака до наредните избори, кои заедно би ги договориле. Нека удри по мене, но да се откаже од удирање по темелите на државата“, напиша Груевски на Фејсбук.

Тој вели и дека новата влада се прави под жесток надворешен притисок кон ДУИ во кој учествуваат многумина, но најактивен бил еден амбасадор.