СДСМ очекува мандат, ДУИ денеска треба да ја соопшти конечната одлука
Како што беше најавено, денеска ДУИ треба да ја соопшти конечната одлука дали ќе бидат дел од владата или, пак, ќе одат во опозиција. Освен ДУИ, и БЕСА и Алијансата за Албанците му ги дадоа потписите на Заев.

По одлуката на Централниот одбор на СДСМ, лидерот на партијата Зоран Заев да биде нов мандатар, Социјалдемократите сѐ уште без официјална информација кога ќе се случи средбата со претседателот Иванов. Портпаролот Шилегов за МТВ рече дека кога ќе има официјална одлука, јавноста ќе биде известена.
Како што беше најавено, денеска ДУИ треба да ја соопшти конечната одлука дали ќе бидат дел од владата или, пак, ќе одат во опозиција. Освен ДУИ, и БЕСА и Алијансата за Албанците му ги дадоа потписите на Заев.
Според ВМРО-ДПМНЕ, предлозите и отстапките на СДСМ во однос на Законот за јазиците, можат да предизвикаат долгорочна штета, и носат огромен потенцијал да предизвикаат тензии и нестабилност на подолг период.
Се огласи и еврокомесарот Хан. Ги повика сите актери, вклучувајќи ги претседателот и Парламентот, целосно да се однесуваат во согласност со Уставот, и на одговорен начин да овозможат формирање влада која ќе ги адресира сите реформи.
