НАТО повикува политичарите да се воздржат во дејствијата и изјавите
Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавањето на кризата. Тие беа оценети како добро организирани, без поголеми инциденти...

НАТО се огласи со соопштение за политичката ситуација во Македонија. Алијансата повикува на воздржување во дејствијата и изјавите на политичарите.
„Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавањето на кризата. Тие беа оценети како добро организирани, без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од претседателот, собрани се доволно потписи на пратениците“, се вели во дописот од НАТО, од каде што посочуваат дека е потребно да се донесат одлуки за доброто на сите граѓани, и оти останува посветеноста за членство на земјава во Алијансата.
