„Месечина“ со Оскар за најдобар филм

27.02.2017 10:27

89-тото доделување на престижното филмско признание ќе биде запаметено и по грешката на актерите Феј Данавеј и Ворен Бити кои отворија плико за друга номинација, па го прогласија „Ла Ла Ленд“ за победник наместо „Месечина“.

„Месечина“ освои Оскар за најдобар филм, а за најдобри актери беа прогласени Кејси Афлек за улогата во „Манчестер на море“ и Ема Стоун за главната женска улога во „Ла Ла Ленд“, филмот кој освои 6 од вкупно 14 номинации.

89-тото доделување на престижното филмско признание ќе биде запаметено и по грешката на актерите Феј Данавеј и Ворен Бити кои отворија плико за друга номинација, па го прогласија „Ла Ла Ленд“ за победник наместо „Месечина“.

Оскар за најдобар краткометражен документарец доби филмот„Бели шлемови“, но Сириецот Калид Катибу, кој е еден од соработниците не доби дозвола да влезе во САД поради уредбата на претседателот Трамп за седумте муслимански земји.