Почнаа Велигденските пости
Свештениците велат- постот е и телесен и духовен. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден.

Од денеска почнуваат Велигденските пости. Свештениците велат- постот е и телесен и духовен. Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден.
Се нарекува Четириесетница затоа што по 40 дена од постот, продолжува последната седмица пред Велигден, дополнителен строг пост, заради деновите на предавството, страдањата, распнувањето на крстот и погребението на Исус Христос. Таа се нарекува Страдална или Страстна седмица. Севкупно Велигденскиот пост ги опфаќа Четириесетницата и Страстната седмица.
Велигденскиот пост нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден. Тој е негова претходница и подготовка.
