ОМД со отворено писмо до Могерини

27.02.2017 10:54

Од организацијата ѝ забележуваат на ЕУ за толерирање на како што посочуваат, угнетувачката политика кон македонското малцинство, културниот геноцид и негирање на македонскиот идентитет, култура, јазик и историја од страна на Грција како нејзина членка...

Обединетата Македонска дијаспора во писмото до високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини пред нејзината посета на Македонија и Балканот од 1-ви до 4-ти март со барање да им помогне на Македонците кон трасирање нова патека во ЕУ- македонските односи, врз основа на взаемна почит и заеднички интереси.

Од организацијата ѝ забележуваат на ЕУ за толерирање на како што посочуваат, угнетувачката политика кон македонското малцинство, културниот геноцид и негирање на македонскиот идентитет, култура, јазик и историја од страна на Грција како нејзина членка, како и за времената спогодба од 1995-та година со која Македонија влезе во Обединетите нации под „привремената референца“.

Мешањето на албанскиот премиер Еди Рама во внатрешните работи на Македонија по последните избори, потврдува дека било кое ветување од страна на меѓународните посредници дека Охридскиот рамковен договор ќе го заштити унитарниот суверенитетот на Македонија биле разоткриени. ЕУ се согласи на сето ова и многу повеќе- наведуваат од организацијата на македонските иселеници.