Заев ќе ги достави потписите за мнозинство, одлуката за мандатот се очекува во наредните денови
Заев денеска во 14 часот во Кабинетот на претседателот Иванов ќе го достави доказот за обезбеденото мнозинство. Одлуката на шефот на државата за доверување на мандатот се очекува во наредните денови, велат од Кабинетот на Иванов.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во 14 часот во Кабинетот на претседателот Иванов ќе го достави доказот за обезбеденото мнозинство. Одлуката на шефот на државата за доверување на мандатот се очекува во наредните денови, велат од Кабинетот на Иванов.
Се чека и конечната одлука на ДУИ дали ќе коалициираат со СДСМ во новата влада или ќе бидат опозиција а ќе поддржат малцинска влада.
Со соопштение се огласи ВМРО- ДПМНЕ. На 11-ти декември победија граѓаните на Република Македонија, победи концептот на унитарна и мултикултурна Македонија. Време е СДСМ да се помири со поразот и да прекине со погубното сценарио за урнисување на нашата држава.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и СДСМ и денеска се подготвени за власт да ја прифатат и реализираат платформата смислена во Тирана. Нека размислат и нека се откажат од антидржавното сценарио додека не е предоцна. Веднаш ќе ја добијат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, но условот за нашата поддршка е да се откажат од редефинирањето на државата, двојазичноста, кантонизацијата и федерализацијата, како и бинационалниот концепт на Република Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
