Србија отвори две нови поглавја за влез во ЕУ
Србија во Брисел на меѓувладина конференција отвори 2две нови поглавја за влез во Европската унија...

Србија во Брисел ги отвори поглавјата 20 и 26. Поглавјето 20 го опфаќа претприемаштвото и индустриската политика, а Поглавјето 26 се однесува за културата и образованието и тоа веднаш е затворено. Ова поглавје досега беше блокирано заради замерките од Хрватска и од Бугарија на учебниците за малцинствата во Србија.
„ЕУ интеграциите ве приморуваат, онаму каде сте били мрзеливи, да покажете резултат.Тоа не е лошо за нас, бидејќи, ние ова не го правиме заради Брисел, нас никој не не тера, туку ова го правиме пред се-заради себе“, изјави Јадранка Јоксимовиќ-Министер за европски интеграции.
Според Јосимовиќ Србија технички е подготвена за отварање на уште 7 поглавја, што зависи од политичката желба и околностите во самата ЕУ. Од 2015 год. досега Србија отвори осум и привремено затвори две, од вкупно 35 поглавја.Токму 35-то поглавје-кое се однесува на напредокот во примената на доворот во дијалогот меѓу Белград и Приштина е мерило и услов за отварањето на секое ново поглавје за напредокот на Србија во евроинтеграциите.
За Косово денеска ќе расправа и Советот за безбедност по извештајот на генералниот секретар на ОН-Антонио Гутереш за застојот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, на кој ќе присуствува и претседателот Томислав Николиќ.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
