40% повеќе грипосани од лани

07.02.2014 14:08

Расте бројот на заболените од грип. Има речиси 40 % повеќе од лани истиов период. Доминира типот А. Во Европа пак грипот стивнува.

Во првата недела од февруари 2.350 граѓани заболеле од грип. Досега најмногу. Од почетокот на сезонава бројот на заболени од грип е 7 778, што е 37,3% повеќе од лани истиов период, а во однос на 10-годишен просек е за 18,5% повеќе. Најмногу заболени има во јануари, 6 801.

Најголем број заболени во оваа сезона се регистрирани на територијата на Кавадарци - 1.360,Скопје - 1.154 и Велес 984.

65 % од заболените се на возраст од 15 до 65 години, а според морбидитет, најчесто страдаат децата до 4-годишна возраст поради послабиот имунитет.

Досега има два смрни случаи.Според Иститутот за јавно здравје се очекува благо опаѓање на порастот во наредните недели.

Во Европа бројот на грипосани е во стагнација. И таму оваа сезона доминира типот А. Во Бугарија, Грција, Шпанија и Англија е пријавена поширока распространетост, а во другите земји спорадично. Лекарите остануваат на препораките висок степен на хигиена, витаминска храна и напивки, како и претпазливост на места со повеќе луѓе.

 

Соња Стојановска