Мисајловски: Средства за Железници има, не можат да се исплатат додека трае штрајкот
Министерството за транспорт има на располагање 10 милиони евра, но министерот Мисајловски вели дека треба да се почне со работа, а со дополнителен договор ќе се трансферираат уште 70 милиони денари.

Железничкиот сообраќај во земјава, патничкиот и товарниот, сѐ уште е во прекин. Вработените и денеска протестираат. Утрово имаа средба со в.д директорот Коруновски, кој им ветил дека ќе се сретне со владини претставници за да се најде решение за проблемот. Не отстапуваат од нивните барања, прво плата, па потоа да се вратат на работа.
Министерството за транспорт има на располагање 10 милиони евра, но министерот Мисајловски вели дека треба да се почне со работа, а со дополнителен договор ќе се трансферираат уште 70 милиони денари.
„Ги повикувам вработените да се јават на своите работни места и да почнат со работа средства има во буџетот и сите тие ќе бидат исплатени бидејќи се за нив. Тоа се наменски средства и се наменети за нив. Денес зборував со новиот директор и директорот на МЖ Инфраструктура и ние бараме решение како најбрзо да ги земат сите оние заостанати средства, но потешкотиите во овој момент се бидејќи тие сега не работат и со тоа се руши дел од законот со кој се вели дека Железници мора да имаат минимална работа бидејќи се работи и за меѓународен превоз“, вели Мисајловски кој нагласи дека како институција ќе направат сѐ за да им помогнат.
Од 1-ви март Синдикатот на железница најавува радикалција на протестите.
