Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“
Судот го сослуша трето обвинетиот, Дем Шеху, кој потврди дека заедно со уште неколкумина соборци биле дел од групата што го украде оружјето од полициската станица во Гошинце. Шеху изјави дека целта на групата, во која дејствувал, била остварување на албанските права.

Најголемо незадоволство настана кога Албанци беа осудени за случајот Монструм, изјави Дем Шеху, третообвинет член на групата која се судри со полицијата во кумановската Дива населба.
Пред судот Шеху изјави дека во април 2015-та со уште неколкумина членови на групата дошле во Гошинце и го одземале оружјето од полициската станица, а следниот месец, откако илегално влегле во земјава, се засолнале во Куманово.
Пред да дојде до престрелката, сведочеше Шеху, дете од населбата ги информирало дека касарната и полициската станица се полни со војска и со полиција, но откако водачите на групата ја провериле информацијата, констатирале дека тоа не е вистина и одлучиле да останат во Диво насеље. Ден потоа полицијата ги опколила, а преживеаните во престрелката се предале.
Анита Димитријевска
