На победа за осминафинале
10 кола исто толку натпревари, сезоната почна во септември, фазата по групи ќе заврши на крајот на месецов, но за македонскиот шампион Вардар се се сведува на само 1 меч. Дуелот со Динамо Минск , в недела во спортскиот центар Борис Трајковски, со победа вардарци се меѓу најдобрите 16-ет во елитната лига на шампионите:

„Некој на почетокот на сезоната да ни понудеше со само еден натпревар и тоа против Динамо да го решаваме нашиот пласман понатаму веднаш ќе прифатевме.Загрижува тоа што имаме проблеми со повреди, но не бараме алиби, ќе победи тимскиот дух и ќе ги израдуваме нашите навивачи“, изјави на денешната прес-конференција капитенот на Вардар Филип Лазаров.
Противникот во Скопје доаѓа посилен за словенецот Борут Мацковшек со што ја елиминира слабоста на надворешните позиции.
„Ова е уште еден натпревар од лигата на шампионите, но е решавачки за нас. Мора да го добиеме, нема простор за импровизации, мора максимално да влеземе и со победа да обезбедиме пласман во следната фаза.
Динамо е добра екипа, засилена со доаѓањето на Мацковшек.И нивна главна цел е да победат“, вели Раул Гонзалес-тренерот на РК Вардар
Вардар има проблеми со повреди. Карачиќ, Прибак и Лазаров тренираат со намален интензитет, на Душебаев воопшто не се смета, но не бараат алиби, не поединци туку тимот треба да го добие Динамо.
Средбата се игра в Недела од 18 часот, билети нема, а за оние што ги набавиле информацијата дека вратите на салата Борис Трајковски ќе се затворат на 15 минути пред почетокот.