Електронски увид во содржината на градежната парцела

27.02.2017 16:38

Електронски увид во содржината на градежната парцела- Агенцијата за катастар информира дека на граѓаните ќе им се овозможи историски преглед на движењето на имотот, а на бизнис заедницата јасна слика за слободно земјиште и контрола на реализацијата. Во регистарот досега се внесени над 1.000 урбанистички планови.

Информации за секоја градежна парцела, за нејзината сопственост, содржина, што е изградено или предвидено да се гради, податоците се електронски достапни во Графичкиот регистар на градежно земјиште. Покрај графичкиот приказ има информации и за продажната цена на имотот и објектите во околината. Според државниот катастар, на веб порталот, бесплатен е увидот во уранистичките планови и плански документации. На граѓаните им овозможува историски преглед на движењата на имотот, на бизнис заедницата јасна слика за слободно градежно земјиште и контрола на реализација.

„Тоа е услуга со која сите граѓани и бизнис заедницата можат по електронски пат да видат што е е предвидено на нивнта и на други парцели, што е предвидено за градење во урабанистичките планови. Исто така можат да ги видат и цените на градежното земјиште што се однесуваат на локцијата за која се заинтересирани и врз основа на тоа што може да го планираат. Крупна работа што ја одработи нашиот Катастар што ќе има далекусежни последици во работењето на градежните компании и на луѓето“, посочи премиерот Емил Димитриев.

Во регистарот на градежно земјиштте досегас е внесени 1.000 урбанистички планови,, над 47 илјади градежен имот. Направена е стандардизација во нивната изработка, има транспарентен преглед на локациите и сопственоста на катастарските парцели.

„Секој граѓанин може да види што има во неговата грдежна парцела и што е предвидено да се гради во неговата парцела и во соседството, а бизнис компаниите може да видат кое е слободно земјиште преклопено со податоците од Катастрот за целата територија на Република Македонија“, рече Славе Трпески, директор на Катастар на недвижности на РМ.

Надлежните очекуваат со графичкиот регистар да се зголеми степенот на реализација на градежните парцели, да има повеќе инвестиции во градењето, да се обезбеди транспарентност и ефикасност во изработката донесување на плановите.

Сузана Фиданска- Стоевска