САД: Започна депортацијата на илегалните мигранти

28.02.2017 10:23

Американските власти започнаа депортација на илегалните имигранти од земјата. Во операцијата треба да се депортираат околу 950 илјади илегалци, а фокусот е на илегалните имигранти со криминално досие. Секретарот за домашна безбедност Џон Кери истакна дека нема да има масовни депортации.

Американските сили за имиграција и царина започнаа широка операција за депортација на илегалните имигранти коишто извршиле криминални дела во Соединетите Американски Држави. Дилери на дрога и припадници на банди се приведуваат ширум Америка по налози од мај 2016-та. Досега околу 1.000 илегалци се депортирани, а над 11.000 се во притвор. Најмногу од илегалците се од Мексико и од Латинска Америка.

„Сакам да Ви обврнат внимание на ова бидејќи честопати се искривува во медиумите. Да бидам многу јасен, нема да има, повторувам, нема да има масовни депортации. Се што правиме во Департментот за домашна безбедност ќе биде легално, според човековите права и правосудниот систем на Соединетите Американски Држави. Фокусот на депортациите ќе биде на криминалниот елемент којшто пристигнал во САД. Сето ова ќе биде направено како и досега во координација со владата на Мексико“, вели Џон Кери, секретар за домашна безбедност.

Имиграциските сили добија дозвола да најмат дополнителни 10.000 агенти за операцијата со која треба да се депоратираат околу 950.000 илегалци од земјата. Од депортацијата ќе бидат изземени децата илегалци.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди депортација на околу 3 милиони илегални имигранти.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ