Железничкиот сообраќај сѐ уште блокиран
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вчера изјави дека ресорното Министерство во буџетот има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но оти нема законска можност тие да се исплатат сѐ додека претпријатието не работи.

Железничкиот сообраќај во Македонија и денеска е во прекин поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата.
Од Железничката станица во Скопје информираат дека не сообраќаат ниту патничките, ниту товарните возови.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вчера изјави дека ресорното Министерство во буџетот има 10 милиони евра на располагање за Македонски железници, но оти нема законска можност тие да се исплатат сѐ додека претпријатието не работи.
Вработените, пак, остануваат на барањето за целосна исплата на јануарската плата, а, како што велат, од утре 2.500 семејства ќе останат без здравствено осигурување.
