„За заедничка Македонија“: Денеска маршеви во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и во Кичево
28.02.2017 10:56
„Протестот ќе добива различни форми, нема рок на траење, немаме идеја дека ќе се повлечеме од улица за два, три, пет или седум дена“, велат организаторите.

Од здружението „За заедничка Македонија“ маршеви за зачувување на унитарноста на државата и против промена на името најавија и денеска во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и во Кичево.
„Протестот ќе добива различни форми, нема рок на траење, немаме идеја дека ќе се повлечеме од улица за два, три, пет или седум дена“, велат организаторите.
Протестите ќе се одржуваат секој ден се додека не се исполнат нивните барања, политичките партии да се обврзат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија и дека нема да работат на промена на името.
