Се чека одлуката на Иванов
28.02.2017 11:05
Од СДСМ очекуваат Иванов да го врачи мандатот на Заев во најкус можен рок. ДУИ сѐ уште не се изјасниле дали ќе бидат дел од владата или пак ќе бидат опозиција со поддршка на малцинска влада.

Откако вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ги предаде на претседателот на државата Иванов потребните пратенички потписи за формирање на новата влада, се чека одлуката на шефот на државата.
Од СДСМ очекуваат Иванов да го врачи мандатот на Заев во најкус можен рок. ДУИ сѐ уште не се изјасниле дали ќе бидат дел од владата или пак ќе бидат опозиција со поддршка на малцинска влада.
Извесно е дека интегративците ќе ја чекаат разврската околу доделувањето на мандатот и потоа да ја донесат одлуката, дали во власта ќе партиципираат со луѓе или само со потписи.
