Комитетот за надворешни работи на ЕП ја усвои Резолуцијата за Македонија
Европарламентот, со оваа Резолуција ја потврдува осмата позитивна препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, но со услов исполнување во целост на договорот од Пржино и итните реформски приоритети на Европската комисија.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, денеска ја усвои Предлог- резолуцијата за напредокот на Република Македонија во европските интеграции во 2016 година.
Европарламентот, со оваа Резолуција ја потврдува осмата позитивна препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, но со услов исполнување во целост на договорот од Пржино и итните реформски приоритети на Европската комисија.
Се наведува и дека Европскиот парламент ја потврдува својата недвосмислена и силна посветеност на процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и дека по две одложувања да се одржат предвремени парламентарни избори во Македонија, на 11-ти декември 2016-та, тие беа одржани во уредна и мирна атмосфера, во согласност со меѓународните стандарди и со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
