НБРМ: Лани влегле 358,5 милиони евра странски директни инвестиции
28.02.2017 11:28
Поголеми приливи се регистрирани во февруари, март, август и во декевмри, додека одлив од 30 милиони евра е регистриран во септември.

Народната банка ги објави годишните податоци. Лани во Македонија влегле странски директни инвестиции во износ од 358,5 милиони евра, за 141,7 милиони повеќе од претходната година.
Статистиката на Централната банка покажува дека само во декември во земјава влегле инвестиции од речиси 75 милиони евра. Поголеми приливи се регистрирани во февруари, март, август и во декевмри, додека одлив од 30 милиони евра е регистриран во септември.
Најмногу странски инвестиции се влезени од Германија, Турција, Италија, Бугарија.
